fbpx

Новиот Audi A3 e-tron пристигнува оваа година

Новиот plug-in хибриден Audi A3 ќе пристигне на пазарот оваа година

Audi се подготвува за првото целосно дигитално лансирање на пазарот на новото A3 семејство, а една од опциите за погонот ќе биде и e-tron plug-in хибридната верзија. Германскиот производител веќе понуди plug-in хибридна верзија, а тоа беше Audi A3 Sportback e-tron кој се појави во 2014 година, а потоа беше повлече во 2018 година.

Со новата генерација на A3 Sportback и A3 Sedan се враќа и plug-in хибридниот погон, но се уште не е јасно колку истиот е унапреден во однос на втората еволуција на моделот. Претходната генерација имаше батерија од 8,8 kWh која овозможуваше со користење само на електричниот погон да мине 26 километри.

Audi во Европа веќе ги прима нарачките, а во салоните новиот A3 би требало да пристигне во текот на летото. Plug-in хибридот исто така ќе пристигне во текот на оваа година. По ова, ќе следува пласманот и на останатите пазари. Кога станува збор за екстериерот, новиот A3 со plug-in хибриден погон би требало да биде мошне сличен со конвенционалните модели.

Поврзани вести

Back to top button