fbpx

Volkswagen го претстави новиот кросовер Nivus

Volkswagen отсега во својата понуда го вклучува и малиот SUV купе модел наречен Nivus кој ја доживеа својата официјална премиера

Германскиот производител Volkswagen официјално ја збогати својата понуда со моделот Nivus. Долгоочекуваниот кросовер официјално дебитираше во Бразил каде што е воедно и развиван од страна на локалната подружница на Volkswagen. Овој автомобил на стартот е наменет за пазарот во Јужна Америка, а се очекува од 2021 година да пристигне и во Европа. Nivus е базиран на MQB A0 платформата, а неговата должина изнесува 4.266 милиметри, додека меѓуосовинското растојание е 2.566 милиметри. Висината изнесува 1.493 милиметри, што го сместува меѓу Polo и T-Cross.

Од Volkswagen тврдат дека новиот Nivus претставува „чистокрвен Бразилец“ на германската марка, иако специјалистите на јужноамериканската дивизија и претходно учесвувале во развојот на некои модели на Volkswagen. Сепак, за разлика од тие модели, овој SUV станува глобален производ од кој производителот има големи очекувања.

На почетокот во гамата ќе се најде 1.0 TSI трицилиндричниот бензинец со 116 КС односно 128 КС со етанол кој е стандарден кај бразилските бензински станици, а ќе биде достапен во комбинација со шестстепен автоматски менувач. Според актуелната состојба, во понудата нема да се најде опција со погон на сите четири тркала. За европскиот пазар се очекува во палетата на мотори да се најдат 1.0 и 1.5 TSI бензинските агрегати, како и 1.6 TDI дизел верзијата.

Употребата на MQB A0 платформата наметнува и користење на MacPherson систем на потпирање напред, како и полуавтономна осовина на задната страна. Токму поради одлуката за користење на оваа платформа невозможно е користење на апликацијата.

Во внатрешноста е јасно видлив дизајнот на Volkswagen. Главната новина е репрезентирана преку воведување на мултимедијалниот систем VW Play чии поставки се следат преку 8,0-инчниот екран. Volkswagen го креираше овој систем специјално за потребите на бразилскиот пазар. Наскоро овој инфозабавен систем ќе се најде и кај останатите модели наменети за пазарите во Јужна Америка. Од остатокот опрема, треба да се нагласи и 10-инчната дигитална инструмент табла, адаптивниот темпомат, како и камерата за помош при движење наназад. Сериската опрема вклучува и шест воздушни перничниња. Капацитетот на багажникот изнесува 415 литри.

Производството на Nivus ќе стартува престојното лето во Бразил. Кросоверот потоа ќе се појави во Аргентина и Мексико. Во втората половина на 2021 година овој модел може да се очекува и во Европа. Секако, со адаптирана форма и ревидирана палета на мотори прилагодени за европскиот купувач. Европската верзија ќе се произведува во фабриката на Seat во близина на Барселона.

Поврзани вести

Back to top button