fbpx

Патентните скици за Mercedes-AMG GLB 45 „протекоа“ во јавноста

Mercedes во август минатата година во Франкфурт го прикажа Mercedes-AMG GLB 35, а патентните цртежи откриваат дека се подготвува и помоќна GLB 45 верзија

Mercedes-AMG полека се подготвува за лансирањето на GLB 45, со оглед на тоа дека помалиот GLB 35 дебитираше во август 2019 година. Не е дека дизајнот на кросоверот ќе претставува некакво изненадување, но во меѓувреме се појавија патентните скици, откривајќи го моделот кој ќе се најде на врвот во понудата од повеќе агли. Овие скици се достапни на Американската канцеларија за патенти и заштитни закци, така што не можат да бидат поофицијални од ова.

Mercedes-AMG GLB 45

Со исклучок на издувниот систем, GLB 45 практично е ист со помалку моќната верзија. Отворите за воздух на предниот браник се малку поразлични, но ќе мора да бидете вистински AMG познавател и ентузијаст за да ги разликувате двата кросовери само со еден единствен поглед кон предницата. Одлуката на Mercedes да им ја даде на GLB 35 моделите агресивната Panamericana решетка со вертикални ребра уште повеќе го отежнува разликувањето на двата AMG модели.

Разликата е во моќноста

Секако, далеку најголемата разлика меѓу двата модели е моќноста. Додека Mercedes-AMG GLB 35 под хаубата има 2,0-литарски турбо четирицилиндричен мотор кој развива 306 КС и 400 Nm максимален вртежен момент, идниот Mercedes-AMG GLB 45 ќе се напојува со 2,0-литарски турбо четирицилиндричен агрегат со 387 КС и 480 Nm, односно 421 КС и 500 Nm во S варијантата.

Пакетот подразбира и осумстепен автоматски менувач со двојна спојка, 4Matic погон на сите четири тркала, AMG aero body kit со преден спојлер, сет прагови, заден дифузор и заден покривен спојлер. Исто така, новиот Mercedes-AMG GLB 45 ќе има и карактеристична Panamericana предна маска, стандардни LED предни светла, спортски издувен систем со четири издувни цевки. Треба да се напомене и адаптивниот систем на потпирање, како и помоќните сопирачки и AMG тркала.

Mercedes-AMG GLB 45

Кога станува збор за внатрешноста, треба да се очекува спортски ентериер со нови седишта, AMG управувач со израмнет долен дел, дигитална инструмент табла, MBUX инфозабавен систем и Nappa кожа.

Поврзани вести

Back to top button