НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Претставен новиот Mercedes-Benz GLB

Со надворешен дизајн речиси идентичен со неодамнешниот концепт, новиот GLB ја надополни широката флота на SUV модели на германскиот производител

Како првиот Mercedes во својот сегмент достапен со седум седишта, новиот GLB претставува простраен семеен автомобил, кој сега нуди уште поголема флексибилност. Опремен со моќните четири-цилиндарски мотори споени со најновите системи за помош при возењето, како и интуитивно оперативниот инфозабавен систем MBUX, новиот SUV доаѓа со сите предности на сегашната генерација на Mercedes-Benz компактната класа.

И самото име ни кажува, новиот GLB се вклопува на SUV листата на Mercedes точно измеѓу моделите GLA и GLC, благодарение на своето меѓуоскино растојание од 2829,5 милиметри. Со висина од 1041,4 милиметри на просторот на предната клупа и 965,2 милиметри кај задната, овој SUV нуди високо ниво на удобност при возењето.

Како што веќе напоменавме, новиот GLB претставува првото компактно возило од Mercedes-Benz кое може да понуди опционален трет ред со две дополнителни седишта. Од детали за удобност, во третата клупа присутни се два држачи за пијалоци, како и два прегради за складирање, секој со USB-C приклучок.

GLB

Очекувано, надворешниот дизајн на GLB е речиси идентичен со неодама претставениот концепт. Моќните пропорции на компактниот SUV го истакнуваат неговиот off-road дизајн. Најголема заслуга за ова носат квадратните светлосни уреди поставени во предниот дел, издолжените задни фарови, како и робусната изведба на задниот браник со имплементираниот дифузер и двојниот издувен систем.

“Неговиот иконичен дизајн му дава на Mercedes-Benz GLB непогрешлив SUV карактер”, вели Горден Вагенер, главен директор за дизајн во Daimler AG.

Робусниот карактер на GLB продолжува и во централната конзола, каде присутни се голем број на хромирани детали, кружни вентилациски отвори и алуминиумски контролниот панел за климатизација. Она што го карактеризира целокупниот дизајн на внатрешноста е едноделната изведба на инструмент таблата и централниот екран. Со оптичко разделување, се добиваат два одделни 7-инчни екрани на допир, контролирани од MBUX (Mercedes-Benz User Experience) инфозабавниот систем, кој овозможува поврзување со Apple CarPlay и Android Auto.

GLB

Безбедносните системи во поголема мера се позајмени од S-Класата, каде вградени се подобрените камери и радарски системи, кои му овозможуваат на GLB прегледност од речиси 500 метри напред, поради кои тој во одредени ситуации може автономно да управува. Тука се и системите за асистенција како Active Distance Assist, Active Steering Assist, Active Lange Change Assist и Active Parking Assist.

Што се однесува до погонските системи, под хаубата на компактниот SUV впрегнат е ажурираниот M 260 моторот на Mercedes, кој сега се истакнува со значително подобрена ефикасност и помали емисии. Тој всушност претставува 2,0 четири-цилиндарска турбо бензинска единица. Преку осум-степениот пренос со двојна спојка, испорачана е моќност од 221 коњски сили и вртежен момент од 350 Nm, доволни да го забрзаат GLB до 100 км/час за 6,9 секудни.

Новиот Mercedes-Benz GLB ќе биде достапен во две изведби и тоа GLB 250 и GLB 250 4MATIC, а цените се очекува да бидат објавени пред датумот на продажба.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close