fbpx

Volkswagen со тизер видео ја најави премиерата за освежениот Arteon

Volkswagen се подготвува за премиерата на освежениот Arteon која е закажана за 24 јуни, а за таа цел објави и тизер видео

Новото тизер видео од Volkswagen за освежениот Arteon покажува дел од новиот дизај на автомобилот, но сепак успева да задржи поголем дел во тајност. Сепак, рестилизираниот изглед сепак не е толку добро чувана тајна, благодарение на фотографиите од Кина кои се појавија на социјалните мрежи.

Како и повеќето освежувања, така и во случајот со Volkswagen Arteon, кој за прв пат ќе добие и своја Shooting Brake верзија, нема да има големи отстапувања во однос на актуелниот модел. Наместо тоа, Arteon ќе добие унапредени светлосни елементи, кои ги позајмува од LED светлосната групација на новиот Golf. Во внатрешноста, Volkswagen тврди дека Arteon ќе го добие MIB3 инфозабавниот систем заедно со напреден полуавтономен возачки систем кој ќе може да контролира поголем дел од возачките аспекти како што е управувањето, забрзувањето и запирањето – до 210 километри на час.

https://youtu.be/HNlPHXn1Yk4

Arteon ќе добие и перформансна R варијанта, но се уште не е познато дали и двете варијанти, седанот и Shooting Brake верзијата, ќе го добијат овој беџ. Исот така не е познато што ќе го напојува Arteon R. Според шпекулациите, Volkswagen ќе го искористи 2,0-литарскиот турбо мотор од Golf R, кој испорачува 330 КС во овој хотхеч. Останатите погони најверојатно ќе вклучуваат четирицилиндрични турбо мотори кои испорачуваат 184, односно 220 КС.

Останува само уште еден ден до премиерата на освежениот Volkswagen Arteon, a засега останува непознато дали германската компанија ќе ги прикаже сите нивоа на опременост за Arteon. исто така, Arteon веројатно ќе биде прикажан и со GTE plug-in хибриден погон, кој Volkswagen го најави уште во април годинава.

Поврзани вести

Back to top button