fbpx

Nissan објави тизер за Ariya и ја најави премиерата

Nissan објави нова тизер фотографија за престојниот Ariya електричен кросовер и најави дека официјалната премиера ќе се одржи во јули

Кросоверот Ariya беше најавен со концептот кој дебитираше на Салонот за автомобили во Токио во 2019 година, а продукциската верзија ќе добие сличен светлосен потпис на предниот дел, со традиционалната решетка прекриена со две LED ленти. Токму на ова Nissan го посвети вниманието во својот последен тизер за Ariya.

Nissan Ariya

Кога станува збор за силуетата на автомобилот, Nissan Ariya веројатно ќе ја задржи формата на покривот која се одликува кај концептот, исто како и спојлерот поставен на покривот. Се очекува продукциската верзија на Ariya тонирани долни браници, поконвенционални рачки на вратите, како и уште неколку други ревизии, што може да се заклучи од патентните фотографии кои се појавија во април.

Во однос на големината, Nissan Ariya електричниот кросовер ќе биде поставен под новата генерација на Rogue/X-Trail, а ќе се базира на специјална платформа за електрично возило. Се очекува да пристигне со полуавтономниот систем за возење ProPilot, кој ќе поддржува возење на автопат без потреба рацете да бидат поставени на управувачот. Ariya исто така ќе пристигне со најновите безбедносни и системи за асистенција на возачите кои се достапни од Nissan. Засега се уште не е познат погонскиот склоп, со исклучок на тоа дека ќе биде целосно електричен и дека ќе содржи два електромотори – по еден напред и позади.

Nissan Ariya

„Светот бара чекор напред. Ariya концептот одговори на овој повик со своето реосмислување на сегментот на кросовери од темел, вклучително и впечатливите дизајнерски карактеристики, удобноста и просторот во ентериерот и спортските перформанси“, изјавија од Nissan во краткото соопштение, заедно со тизер фотографијата, но и датумот кога е планирано автомобилот да влезе во производство.

„Дури и конвенционалниот елемент како традиционалната предна решетка еволуираше во прекрасен ‘штит’ кој ќе ја чува важната технологија која се користи за најновиот систем за асистенција на возачите ProPilot“.

Nissan Ariya

Поврзани вести

Back to top button