fbpx

Nissan Ariya ќе биде глобален модел, премиерата официјално на 15 јули

Nissan го најави 15 јули како датум за официјалната премиера на својот електричен кросовер Ariya во продукциско издание

Електричниот кросовер на Nissan ќе биде лансиран во Јапонија, а подоцна ќе биде достапен и на глобалните пазари, вклучително Кина, Европа и САД. Оваа информација беше соопштена за време на годишното собрание на акционерите и е пренесена од страна на AutoNews, кој пак смета дека Nissan Ariya ќе се произведува во Точиги фабриката во Јапонија, која ќе биде конвертирана за производство на електрични возила.

Nissan веќе потврди минатата недела кога објави тизер за својот кросовер, Ariya ќе го добие ProPilot 2.0 полуавтономниот возачки систем. Јапонскиот производител не открива дали технологијата ќе биде вклучена и на останатите пазари или ќе остане ексклузивна за јапонскиот пазар.

ProPilot му овозможува на автомобилот да се грижи за самостојно забрзување, сопирање и управување
на автопат, без притоа да ги обврзува возачите да ги држат своите раце на управувачот постојано. Системот ќе пристигне до над 20 модели на 20 пазари ширум светот како дел од бизнис планот на компанијата кој завршува на 31 март 2024 година. Ова исто така вклучува и осум нови електрични возила кои ќе одат на продажба ширум светот во следните 18 месеци, како и 12 целосно нови модели.

„Главниот момент на новата Ariya е фузијата на електрификацијата со напредните технологии за помош на возачот, кои се очекува во иднина да се развиваат во автономни возила. Очекуваме целосно новата Ariya да има клучна улога како двигател на марката и лицето на Nissan во новата ера“, изјави извршниот директор на компанијата, Макото Учида.

Поврзани вести

Back to top button