fbpx

Ineos Grenadier го продолжува наследството на Defender

Ineos Grenadier е суров „оф-роуд“ автомобил кој има за цел да продолжи онаму каде што застана претходната генерација на Land Rover Defender

Освен ако не сте некој „хардкор“ фан и не сте ја следеле приказната на Grenadier во последните години, тогаш веројатно не сте слушнале за Ineos. Тоа е поради фактот што ова не е автомобилски производител, туку една од најголемите хемиски компании во светот. Основачот Џим Ретклиф бил инспириран од одлуката на Land Rover да го пензионира оригиналниот Defender и одлучи да направи нов. Автомобилот Grenadier го добива своето име по еден лондонски паб каде што Ретклиф за прв пат ја добил инспирацијата за возилото.

Ineos Grenadier

Визуелно, сличностите меѓу Ineos Grenadier и оригиналниот Defender се очигледни. Ineos има сличен утилитарен и практичен дизјан со кутиест профил. Напред се наоѓа истакнатиот црн браник, големи кружни светла и секундарни светла инкорпорирани во решетката. Исто како и оригиналниот Defender, така и Grenadier е дизајнира да биде што е можно попрактичен. На задниот дел, Grenadier e прикажан со резервно тркало, кружни светла и мали скали за пристап до покривот.

Ineos Grenadier

Развојот на теренецот наречен Ineos Grenadier се уште не е завршен, но изгледот на истиот е „заклучен“, така што од островската компанија пристигнаа првите официјални фотографии. За компанијата е важно да го испромовира својот артикл во раната фаза од пазарниот настап, но и да заштеди на камуфлирани прототип примероци. Гледајќи го возилото, јасни се сличностите со Defender, иако не е во целост копија на легендарниот теренец.

Каросеријата на возилото е направена од алуминиум, но новајлијата се разликува по уште неколку доволно важни работи, токму од причина да се избегнат несакани правни последици, односно Ineos Grenadier да биде доволно уникатен.

Ineos Grenadier

Ineos ќе соработува со BMW

Кога станува збор за дизајнот на внатрешноста, истиот допрва треба да биде завршен, но се очекува да користи голем број на BMW делови. Подот ќе поседува можност за одвод од евентуално насобрана вода. Наместо стандарден аудио систем, новајлијата ќе понуди „гаџети“ кои располагаат со напредни функции за конективност.

Кога веќе го споменавме BMW, токму 3,0-литарскиот турбо шестцилиндричен мотор на германската компанија, во комбинација со ZF осумстепениот менувач ќе биде задолжен за напојувањето на овој теренец. Од Ineos наскоро ќе ги објават спецификациите на моторот.

Од компанијата гордо истакнуваат дека прикажаниот SUV е развиен од нула, односно од празна хартија на која е нацртана скицата на теренецот. Grenadier поседува сопствена платформа, но и уникатности кои се скриени од очите на јавноста. Теренецот е поставен на силна шасија која е развиена од страна на австриската компанија Magna. Дисковите се монтирани на сите четири тркала, а најавено е и дека автомобилот ќе поседува погон на двете осовини, што е и логично и очекувано. Свој допринос во развојот даде и MBTech во областа на инженерингот.

Процесот на тестирање и подесување на Grenadier е далеку од завршната фаза, така што ќе мораме да причекаме на сериската верзија се до 2021 година, која веќе и не е така далеку. Паралелно со тестирањата, во тек е и изградба на нова фабрика во Велс. Амбициозниот Џим Ретклиф најави производство на 25 до 30 илјади примероци на Ineos Grenadier годишно.

Поврзани вести

Back to top button