fbpx

Новиот Land Rover Defender во новиот филм за Џејмс Бонд

Land Rover го прикажа новиот Defender во својата реклама која е ексклузивен поглед од „зад сцените“ на новиот 007 филм со Џејмс Бонд, No Time To Die

Од Land Rover истакнуваат дека во краткото видео можете да видите што се може да се очекува од новиот Defender, кој на почетокот од самата реклама „полетува“ во воздух. Defender е познат како автомобил кој може да минува низ тешки теренски услови, а во рекламата може да се забележи како вози во полна брзина низ мочуришта и нерамни терени.

Сцената со бркотницата во 25-тиот филм за Џејмс Бонд е предводена од каскадерскиот координатор Ли Морисон, кој соработува со оскаровецот Крис Корбулд, кој е супервизор за специјални ефекти и акциони возила.

„Го истуркавме Defender до крајните граници за кои мислевме дека не може да ги достигне, со цел да добиеме максимална возбуда и да им дадеме на фановите поглед во бескомпромисниот предизвик за да се произведе неверојатна сцена со бркотница која ќе може да се види во No Time To Die“, изјави Ли Морисон.

„Создадовме нов тестирачки стандард за Defender, најпредизвикувачкиот кој некогаш сме го имале и е уникатен за ова возило. Физичката сила и издржливоста се мерени низ низа различни тестови, што ни даде самодоверба да придонесеме за она што каскадерскиот тим го сакаше за No Time To Die, без никакви модификации на структурата на каросеријата, освен инсталацијата на рол-барови“.

Новиот Defender кај купувачите пристигнува на пролет

Инаку, овие Defender возила кои се користени за потребите на филмот се првите возила кои се симнати од производната лента од фабриката на Land Rover во Словачка и се базирани на Defender 110 X моделот, во Santorini Black боја, со затемнети штитници, 20-инчни црни тркала и професионални оф-роуд гуми.

Во No Time To Die, Land Rover ќе се претстави со уште неколку престижни автомобили. Покрај 10-те Defender модели, во филмот ќе можат да се забележат и Range Rover Sport SVR, Land Rover од третата серија i Range Rover Classic.

Од претставувањето на новиот Defender во септември 2019 година, Land Rover се соочи со огромен интерес за новиот модел кој е подготвен за испорака. Оние кои веќе го нарачаа својот модел ќе ги добијат своите клучеви од новиот автомобил во текот на оваа пролет.

Поврзани вести

Back to top button