Викенд тарифа: Aston Martin DB5 и понатаму главна „играчка“ на Bond

No Time To Die - новото продолжение на франшизата James Bond, каде покрај Даниел Крег, во главните улоги повторно се најде легендарниот Aston Martin DB5

Брзо по објавувањето на краткиот тизер, тука е целосниот трејлер за No Time to Die, најновиот филм во франшизата James Bond. Како и до сега, филмот се карактеризира со голем број на автомобилски сцени кои го подигаат адреналинот на значително ниво, а секако, и овој пат за тоа одговорен е легендарниот модел Aston Martin DB5.

Како еволуција на дотогашниот DB4, британскиот модел Aston Martin DB5 претставува луксузен „grand tourer“ (GT), кој за прв пат на пазарот се појавува во 1963 година. Производството завршува по само две години, односно во 1965 година, со вкупно произведени 1.059 единици.

Премиерата на филмот е закажана за април идната година, а дотогаш уживајте во неколку минутното „трејлер“ видео.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close