fbpx

Mansory подготви уникатна изведба на легендарниот Ford GT

Со цел да ја одбележат 30-годишнината од својата работа, германската тјунинг компанија Mansory подготви интересна креација базирана на суперспортскиот модел Ford GT. Моделот го понесе името Le Mansory, а претставува целосно нова стилска конверзија на Ford GT и претставува „ново возбудливо поглавје“ во историјата на овој историски модел.

Како дел од преобликувањето, автомобилот е опремен со агресивни карбон додатоци на шасијата, поради што моделот е пет сантиметри поширок од стандардниот модел. Предниот дел исто така е екстензивно модифициран со оглед на тоа дека има уникатна хауба, поголеми отвори за воздух и уникатни LED светла и сосема поинакви куќишта.

Ford GT

Стилските промени продолжуваат и кон задната страна каде дизајнерите додадоа и мали карбонски перки и целосно нови отвори на предните крила. Забележливи се и карбонските капачиња на ретровизорите, како и двата отвори на покривот. Автомобилот е поставен на 21-инчни тркала со Continental Sport Contact 6 гуми. На задниот дел доминира новиот браник и масивниот дифузер, а тука е и тројниот издувен систем, како и фиксираното задно крило.

Ентериерот на Ford GT е прилично основен, но тоа не е случајот со Le Mansory. Креацијата на германската тјунинг компанија доби луксузна внатрешност со двобојни спортски седишта, карбон детали и Bleuron Race акценти.

Кога станува збор за перформансите, 3,5-литарскиот twin-turbo V6 мотор е унапреден да испорачува 710 КС и 840 Nm максимален вртежен момент. Ова е достигнато благодарение на „екстензивните модификации во моторниот менаџмент систем“.

Ford GT

Од компанијата не објавија детални спецификации, но истакнаа дека автомобилот може да достигне до 354 километри на час речиси без никакви напори. Никакви информации нема ниту за цената, но она што е познато е дека Le Mansory ќе биде произведен во само три примероци.

 

Поврзани вести

Back to top button