BMW го претстави својот прв електричен SUV, iX3
Новиот BMW iX3 конечно ја доживеа својата премиера во своето финално продукциско издание како прв електричен SUV на баварската компанија
Електричниот SUV на BMW е базиран на актуелната генерација на X3 и во себе ја содржи петтата генерација на eDrive системот, вклучително и батерија со капацитет од 80 kWh која го напојува електромоторот, кој пак, испорачува 282 КС и 400 Nm вртежен момент. Од BMW тврдат дека новиот iX3 ќе има автономија на движење од 460 километри со едно полнење според WLTP стандардите.
Моќноста се испорачува исклучиво на задните тркала, со што iX3 добива „класично BMW возачко искуство“. Според податоците, од нула до 100 километри на час, електричниот SUV на баварската компанија стигнува за 6,8 секунди. Максималната брзина, од друга страна, е електронски ограничена на 180 km/h. Новиот BMW iX3 е компатибилен со 150 kW брз полнач, со кој може да се наполни од 0 до 80 проценти за само 34 минути. Десетминутно полнење со брз полнач нуди 100 километри автономија.
Кога станува збор за дизајнот, екстериерот пристигнува со неколку специфични детали. Целта е да се овозможи BMW iX3 да се истакне во однос на конвенционалниот модел. Предната решетка е делумно блокирана за да се намали воздушната отпорност. Сетот на аеродинамички ефикасни 19-инчни тркала го намалуваат коефициентот на отпор за околу пет проценти. Со тоа се додаваат околу 10 километри автономија.
Тематиката со сини акценти продолжува и во внатрешноста на новиот BMW iX3, со голем број BMW i беџови распространети низ ентериерот. Купувачите ќе можат да избираат меѓу пет нивоа на опременост за внатрешноста, стандардни или спортски седишта, како и шест металик опции за екстериерот. Тука се вклучени Carbon Black, Sphisto Grey, Mineral White, Phytonic Blue, Piedmont Red и Cashmere Silver металик. Сите модели пристигнуваат со адаптивен систем на потпирање како дел од стандардната опрема.
Во BMW особено се гордеат со електричниот погон на iX3. Електромоторот, електрониката и трансмисијата за прв пат се аранжирани во заедничко куќиште за прв пат. Со тоа станува покомпактен и полесен за користење на различни типови на возила. BMW исто така напоменува дека нивната петта генерација на eDrive технологијата е 30 проценти помоќна, во споредба со актуелната eDrive технологија во веќе постоечките електрифицирани модели.
Новиот BMW iX3 ќе биде првиот од трите нови електрични модели на германскиот производител. Останатите два се престојниот i4 како и продукциската верзија на iNext SUV моделот. Двете возила се очекуваат да пристигнат до крајот на 2021 година. Исто така, ова ќе биде првиот автомобил кој ќе биде произведуван за извоз во Шенјанг фабриката во Кина.