fbpx

Bentley и Audi подготвуваат електрични GT модели

Компаниите Bentley и Audi ќе понудат на пазарот GT-електрични изведби врз основа на идниот Porsche Mission E, што ќе излезе на пазарот во 2019 година, соопшти списанието Automobile кое се повикува на свои извори во Volkswagen Group

Се претпоставува дека електричниот модел на Bentley ќе се вика Barnato – во чест на возачот Волф Барнато, еден од легендарните Bentley момци. Тој е дел од тимот што победи три пати по ред – во 1928, 1929 и 1930, на 24 часа Ле Ман. Audi, пак, своето остварување го нарече е-tron GT, а е сличен на другите електрични автомобили што во моментов се подготвуваат од компанијата.

GT

Веќе е познато дека идниот Porsche Mission E – првиот електричен автомобил на производителот на спортски автомобили од Штутгард, ќе чини колку што е цената на Panamera. Моделот ќе биде достапен со неколку различни изведби, а топ-верзијата ќе добие 3 електрични мотори – два на задната оска и еден на предната. Вкупната моќност ќе биде 936 КС и опсегот ќе биде околу 500 km.

Другите два производители на луксузни модели во групата VW – Bugatti и Lamborghini, исто така, планираат да ги електрифицираат своите модели. Сепак, тие нема да произведуваат чисти електрични возила, туку хибриди кои ќе бидат напојувани од електричната мрежа. Машините ќе ја користат шасијата на MSB на Porsche Panamera, која е достапна во хибридна верзија со комбинација на бензински и електричен мотор.

Поврзани вести

Back to top button