GAC најави нови батерии со автономија над 1.000 км
Кинеската автомобилска групација GAC се пофали дека развила нова технологија за батериите кои се користат кај електричните автомобили
GAC преку соопштение откри дека развиле нова технологија поврзана со батериите за електричните автомобили со кои се овозможува уште побрза транзиција во полето на алтернативната мобилност. Имено, кинеската автомобилска групација истакнува дека имаат технологија со која се остварува енергетска густина од 275 wH по килограм батерија. Според нивните информации, тоа овозможува производство на електрични автомобили чија автономија на движење би била поголема од 1.000 километри, што делува навистина револуционерно во моментов.
Кинеската групација исто така открива дека употребила нова технологија со силициумска анода, но и дека остварува голем напредок во брзото полнење на батеријата, со помош на графен. Силициумската анода е нешто за што Кинезите веруваат дека може да им донесе предност во однос на конкуренцијата, а освен тоа, истата гарантира и поголема безбедност на батеријата.
Од друга страна, кинескиот автомобилски гигант го истражува графенот и неговите својства уште од 2014 година. Компанијата има права на интелектуална сопственост во врска со ZDG графенот кој се користи за брзо полнење на батериите на електричните автомобили, но и за изработка на одредени каросериски елементи. Истражувата во врска со графенот покажале дека истиот е одличен проводник, што го прави идеален материјал за полнење батерии. Од GAC истакнуваат дека развиле можност за исклучително брзо полнење на батеријата на основа на употреба на графен, па така тие батерии би можеле да се наполнат до 80 проценти од капацитетот за само 8 минути.
Покрај ова, GAC наведува дека новата батерија би можела да се наполни за 200 до 300 километри за помалку од 10 минути полнење. Капацитетот, а ни останатите својства на оваа батерија не се соопштение.