fbpx

Регулаторната комисија ги намали цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ги намали малопродажните цени за горивата во нашата земја, а истите стапуваат на сила од вечерва на полноќ

Откако минатата недела цените на горивата не се променија, сега пристигнува ново поевтинување на цените на горивата во нашата земја. Регулаторната комисија за енергетика во рамките на својата методологија за одредување на цените на нафтените деривати, како и намалениот износ на акцизата која беше донесена како кризна мерка, одлучи да ги намали цените на горивата во просек од 0.33 проценти во однос на претходно.

Според оваа одлука на Регулаторната комисија, Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизел ќе се продаваат за 0,50 денари помалку во однос на претходно. Така, според тоа, Еуросупер БС-95 ќе се точи за 59,50 денари по литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 61,50 денари, додека еден литар Еуродизел од вечерва на полноќ ќе се точи по цена од 52.00 денари.

Новите цени за горивата ќе стапат на сила од вечерва на полноќ.

Поврзани вести

Back to top button