Викенд тарифа: Lowdown ја направи најдобрата Audi реклама со RS 6 Avant
Audi RS 6 спаѓа во редот на автомобили кои без оглед на локацијата и околностите тешко се засенува, а уште потешко е лошо да се претстави и презентира возилото
Затоа во Audi воопшто и немаат потреба многу да се трудат кога изработуваат промотивен материјал. Доволно е само да го снимат возилото во возење и да се напише што се може да направи. Но, постои и еден друг начин. Благодарение на Lowdown, добивам видео кое е вистинско ремек-дело. Тие во своја режија снимија промотивно видео за Audi RS 6 Avant, а тоа е само најава за промените кои ќе следуваат.
Во фабричкото издание автомобилот има 4,0-литарски V8 битурбо мотор со 600 КС и 305 километри на час максимална брзина, а станува збор за спортски караван тежок 2,3 тони.