fbpx

Фетел е нов член на Aston Martin

Германскиот возач и четирикратен светски првак, Себастијан Фетел, од следната сезона официјално ќе биде нов возач на Aston Martin

Фетел и Ferrari одлучија да не ја продолжат соработката, италијанскиот тим веќе ангажираше и негова замена за следната сезона, а Германецот се уште немаше одлучено за својата иднина. Шпекулациите околу продолжувањето на неговата кариера почнаа откако уште во август Фетел потврди дека имал состанок со челниците на Aston Martin.

Договорот помеѓу Фетел и неговиот нов тим кој оваа сезона го носи името Racing Point остава отворена опција за соработка и по 2021 година.

„Среќен сум што конечно можам да споделам убави вести за мојата иднина. Горд сум што ќе бидам возач на Aston Martin следната сезона. Тоа е нова авантура за мене, со легендарната компанија. Импресиониран сум од резултатите кои тимот ги постигна оваа година и верувам дека заедничката иднина ќе ни биде уште посветла“, изјави Германецот откако беше официјализирана соработката.

Германскиот возач имаше разговори со милијардерот Лоренс Строл неколку месеци, по одлуката на Ferrari да го пушти да си замине по крајот на оваа сезона, со тоа што на негово место ќе пристигне Карлос Саинс од McLaren. Сепак, се чинеше дека од трансферот на Фетел во Aston Martin нема ништо бидејќи Серхио Перез има повеќегодишен договор, додека синот на Строл, Ленс, го има второто место во екипата.

Но, во пресрет на Големата награда на Тоскана во Муџело, Перез откри дека ќе го напушти тимот на крајот на годината, со што се отвори простор за Racing Point, односно Aston Martin да го најави Фетел.

Фетел во моментов го држи 13-тото место во возачкиот шампионат во Formula 1, со само 16 бода.

Поврзани вести

Back to top button