fbpx

Hyundai Ioniq ги освои дамите!

Уникатен за автомобилската индустрија, со своите три вида на погон за едно купе, Hyundai Ioniq, ја освои наградата Светски дамски автомобил на годината за 2017

Автомобилот, достапен во електрична, plug-in хибридна и хибридна модификација, доби уште едно признание во овогодинешното издание на натпреварот, откако се здоби со поединечното признание во Еко категоријата.

Hyundai Ioniq

Hyundai Ioniq
Во другите подкатегории, победници се:
– Комерцијално возило – Mazda CX5
– Буџетски автомобил – Ford Fiesta
– SUV/кросовер – Peugeot 3008
– Луксузен автомобил – BMW 5
– Спортско возило – Honda Civic Type R
– Автомобил од соништата – Мекларен 720S
Hyundai Ioniq
Од основањето на конкурсот Светски дамски автомобил на годината, па се до моментов, победници станаа Jaguar F-Pace (2016), Volvo XC90 (2015), Mercedes-Benz S класа (2014), Ford Fiesta (2013), Range Rover Evoque (2012) BMW 5 и Citroën DS3 (2011) и Jaguar XF (2010).

Поврзани вести

Back to top button