fbpx

Со болид на преминот Сен Готар

Поранешниот светски шампион во Formula Е, Себастијан Буеми, го мина историскиот пат од Тремола до преминот Сен Готар, во неговата родна Швајцарија со болид - Red Bull RB8 од 2012 година

Буеми има искуство во Formula 1, каде беше дел од тимот на Toro Rosso, кпилот во програмата за развој на болидите на Red Bull. Швајцарецот е сега во Renault од самиот почеток на Formula 1, а освен тоа е и фабрички пилот на Toyota во светскиот шампионат за издржливост (WEC).

Red Bull

Себ изјави дека „нападот на преминот“ по тоа доста студено време беше незаборавно искуство, бидејќи гумите не се загреа доволно, а брзината меѓу серијата повратните свиоци не е беше доволно голема за да проработи аеродинамиката. Еве го видеото од авантурата на Буеми, а за да го „оцените“ уникатниот потфат ќе ве потсетиме дека од 50-те години наваму пистовите натпревари во Швајцарија се забранети. Но, не и релијата и планинските трки?!

Red Bull

Поврзани вести

Back to top button