Раст од 5,9% на пазарите во ЕУ во октомври
Последните податоци на Здружението на автомобилски производители во Европа (ACEA) за регистрација на нови автомобили во октомври вели дека е забележан раст од 5,9% во споредба со истиот месец минатата година
Според статистичките податоци, во изминатиот месец се пласирани вкупно 1.169.672. На крајот на првите десет месеци, продажбата се подобри за 3,9%, односно вкупно 12.830.216 нови автомобили. Согласно трендот, предвидувањата се дека и оваа година ќе се забележи своевиден пораст во продажбата на нови автомобили, што претставува седма година по ред како се бележи позитива на ова поле. Подобрување во бизнисот на крајот на октомври се забележува на четири од главните европски пазари– Италија (+ 8.9%), Шпанија (+ 7.3%), Франција (+ 4.8%) и Германија (+ 2.3%), а во Велика Британија се регистрира пад од 4,6%.