ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

ЕУ бара побрзо темпо на електрификација на континентот

Европската комисија планира да ја врати Европа на мапата на развојот на електрични возила, бидејќи во моментов на ова поле, Стариот континент многу заостанува зад Кина, Јапонија и САД

Општо земено, ЕК планира сериозно да ги мотивира производителите на автомобили да прават се повеќе и повеќе електрични возила. Властите во Кина презедоа хард курс кон електрификација на возниот парк на комунистичкиот гигант, главно поради исклучително високото ниво на штетни гасови, најмногу во поголемите градови. Затоа, во Кина се залагаат за квоти кои треба да ги исполнуваат автомобилските производители присутни на локалниот пазар, додека во Европа пристапот е суптилен и главно се состои во тоа дека одделните држави даваат попусти и бонуси на купувачите на електрични возила.Постојат земји во Европската унија кои нудат многу скромни стимулации за купување електрични автомобили и тоа мора да се промени, а свој курс на оваа тема исто така треба да зазаем ЕК.

електрификација

Покрај тоа, ЕУ планира намалување за 30 проценти на ниво на одвојување јаглерод диоксид од новите автомобили до 2030 година, во однос на нивоата од 2021 година, кои се 95 грама на километар. ACEA рече дека оваа цел е премногу агресивна и предвиде дека сепак треба да се постигне барем 20% намалување до 2030 година, иако тоа ќе биде многу тешко.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close