Renault со прв тизер го најави електричниот концепт
Renault ја објави првата тизер фотографија за концепт на електричен кросовер кој го најавува престојниот производствен модел
Тизер фотографијата на Renault сама по себе не открива многу, практично ништо, но покажува дека концептот ќе има стилизирани светла и црна решетка со вертикални отвори. Исто така се забележуваат златните триаголни акценти и нешто што делува како сребрена боја.
Renault не кажа ништо околку концептот, но продукцискиот модел ќе биде базиран на CMV-EV платформата која е дизајнирана специјално за електрични возила.
Ова не се многу информации, но претходно беше најавено дека кросоверот ќе биде помал и од моделот Captur и ќе биде лансиран следната година. Исто така, се шпекулира дека моделот ќе има повеќе погонски опции и капацитет на батерии, со тоа што најсилните варијанти ќе нудат до 600 километри автономија.
И додека сето ова останува непотврдено, концептот ќе биде претставен за време на eWays настанот на Renault а во фокусот ќе биде „електричната мобилност од денес и утре“. Настанот трае од 15 до 26 октомври и ќе вклучи голем број на дебија кои ќе се случат на 16 и 19 октомври. Покрај концептот на Renault, Dacia ќе ја претстави продукциската верзија на Spring концептот, кој дебитираше оваа година.
Компанијата не откри многу информации за Spring, но концептот беше базиран на Renault City K-ZE за кинескиот пазар и имаше опсег на движење од 200 километри.