fbpx

Регулаторна ги поевтинува бензините, го поскапува дизелот

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на бензините, додека дизелот ќе доживее поскапување

Со најновата одлука на РКЕ малопродажните цени на нафтените деривати во нашата земја доживуваат намалување во просек од 0,34 проценти во однос на цените кои беа утврдени минатата недела. Сепак, тоа не значи дека сите горива поевтинуваат, туку тоа се однесува само на бензините, додека дизелот пак ќе биде поскапен од ноќеска на полноќ.

Според одлуката, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 1,50 денари по литар гориво во однос на минатата недела. Тоа значи дека од вечерва после полноќ ќе точиме литар Еуросупер БС-95 за 59 денари, односно 61 денар за литар Еуросупер БС-98.

Од друга страна, дизелот поскапува за половина денар во однос на претходно, па така новата малопродажна цена на Еуродизел ќе изнесува 50 денари по литар гориво.

Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот
седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,714%, додека кај дизелот има зголемување во просек за околу 1,463%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,393%.

Поврзани вести

Back to top button