РКЕ донесе одлука за цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за малопродажната цена на горивата и според истата, цената на нафтените деривати останува непроменета

РКЕ минатата недела се одлучи да ги поскапи горивата во нашата земја, односно бензините поскапеа за два денари, додека дизелот за половина денар. Тоа значи дека цените несе менуваат, односно остануваат на истата одлука која беше утврдена на 21.09.2020 година.

Според тоа, Регулаторна нема да ги менува цените на нафтените деривати, па така и во следната недела ќе полниме Еуросупер БС-95 за 60,50 денари по литар гориво, односно Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 62,50 денари.

Цената на Еуродизел останува иста како и минатата недела, односно 49,50 денари за литар гориво.

Од РКЕ истакнуваат дека одлуката за зголемувањето на малопродажните цени на горивата во просек од 0,28 проценти се однесува исклучиво на зголемувањето на референтната цена на мазутот, поради што има поскапување во однос на минатата недела, додека кај другите деривати цената останува непроменета.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close