McLaren MSO со Gulf тематика за Elva Roadster
McLaren ја претстави Elva Gulf тематиката од MSO на Goodwood Speedweek во чест на славната врска на британскиот производител со Gulf Oil брендот
Двете компании неодамна потпишаа ново партнерство што ја рефлектира историската унија која датира уште од 60-тите години на минатиот век кога двата бренда заедно започнаа во мотоспортот. Иницијално, Gulf брендингот се појави на McLaren Can-Am, Formula 1 и Indy автомобилите меѓу 1968 и 1973 година.
Во 90-тите години на минатиот век McLaren F1 GTR исто така носеше Gulf униформа на голем број тркачки настани, вклучително и 24 часа Ле Ман.
Благодарение на новиот договор, купувачите на McLaren сега можат да добијат автомобили со Gulf тематика директно преку MSO, како што е McLaren Senna GTR LM 825/2 автомобилот прикажан минатиот месец, и секако, овој Elva „роудстер“, чие име и стајлинг не враќаат назад во времето од 60-тите години и спортските тркачи.
„McLaren Elva Gulf Theme by MSO е едно прославување на историјата на McLaren во тркачките автомобили и нашето ново партнерство со Gulf Oil. MсLaren Special Operations е посветен да ги поместува границите на уметноста што е можно повеќе, а проектите како овој прикажува исклучително продолжен опсег на опции за персонализација кои можеме да ги понудиме до купувачите – во овој случај засилувајќи ја автентичноста на ‘униформата’ со инкорпорирање на Gulf логата во дизајнот“, изјави шефот на MSO, Ансар Али.
Испорачувањето на Elva стартуваше оваа година, a MSO веќе ја комплетираше спецификацијата за првичната пратка – само 149 примероци на овој roadster со битурбо мотор со 815 КС ќе бидат достапни за купувачите, кои сега можат да изберат специјална Gulf тематика ако им се допаѓа истата.