fbpx

Хибридниот Porsche 911 ќе може да мине 70 km на струја

Инженерите на Porsche работат на додавање на електромотор во погонскиот систем на култниот спортски модел 911

Тоа го објави весникот Automotive News, повикувајќи се на свои извори во компанијата.

Овој потег на компанијата ќе го следи случајот со лансирањето на пазарот на Panamera Turbo S E-Hybrid, која е најмоќната и најскапа верзија на моделот и целосно ја одразува постепената емпатија кон електричниот погон на брендот. Тој е и дел од плановите на концернот Volkswagen AG и влегува во најавените инвестиции за развој од 20 милијарди евра за електрични верзии на сите модели на групата од 12 брендови. Хибридната верзија на Porsche 911 ќе се појави кај следната генерација на моделот, што треба да биде лансирана на крајот на 2018 година.

911

Porsche 911 Hybrid

Најголем проблем пред инженерите е намалувањето на тежината на батериите, што ќе овозможи да се задржат врвните возни својства на спортското купе. Модификацијата со комбинација на бензински и електричен мотор ќе може да мине околу 70 km само на електрична енергија. Дополнителниот електричен систем нема да вклучува само стартер-генератор и батерии, за напојување на вградената елекроника и климатизација, како и за забрзувањето на возилото ќе има дополнителен асист-мотор.

Поврзани вести

Back to top button