fbpx

Bugatti со последен тизер за новиот хиперавтомобил

Престојниот хиперавтомобил на Bugatti беше неодамна забележан на Пол Рикар патеката, но тоа не ги спречува да објавуваат тизери во пресрет на премиерата

Bugatti денес ќе ја одржи премиерата за својот нов хиперавтомобил кој ќе биде наменет само за тркачките патеки, а кој ветува дека ќе биде најекстремниот модел на компанијата досега. Од Bugatti деталите ги чуваат во тајност, но најновата тизер фотографија открива дека автомобилот ќе има карбонски спортски седишта, правоаголен управувач и дигитален инструмент кластер.

Масивниот 8,0-литарски W16 мотор е поставен позади возачот, а можат да се забележат и два од четирите турбо полначи. Се уште не е познато колкава моќност ќе има автомобилот, но моторот во Chiron испорачува 1.500 КС, односно 1.600 КС кај Chiron Super Sport 300+.

Иако тизер фотографијата не открива премногу, минатата недела видеото од автомобилот за време на тестирањата на Пол Рикар патеката откри дека ќе има агресивен преден дел, огромни отвори за воздух и вентилирачка хауба. Моделот исто така има аеродинамична каросерија и отвор за воздух на покривот.

Ако тоа не е доволно, дизајнерите на моделот му дадоа и големи странични прагови, централна перка и џиновски Michelin гуми. Автомобилот исто така ќе има централно поставен издувен систем со четири издувни цевки, огромен заден спојлер и карактеристични задни светла во форма на буквата Х.

Голем број прашања остануваат нејасни за престојниот модел, но Bugatti истите ќе ги открие во текот на денешниот ден.

Поврзани вести

Back to top button