Bugatti подготвува електричен тркачки хиперавтомобил

Кратко по вестите дека VW групацијата ќе го продаде Bugatti на Rimac, се тврди дека француската компанија наскоро ќе претстави целосно електричен хиперавтомобил

Во оригиналниот извештај за продажбата на Bugatti на Rimac, исто така се појави информација дека француската компанија подготвува продукциска верзија на Vision Le Mans концептот со целосно електричен погон кој ќе биде лансиран во октомври.

Неколку дена подоцна, The Supercar Blog тврди дека добиле потврда дека вакво возило навистина се подготвува за лансирање. Засега, малку детали се познати за тркачкиот хиперавтомобил, но ако навистина е целосно електричен и ако потенцијалниот договор меѓу VW групацијата, Bugatti и Rimac помине, може лесно да се претпостави дека автомобилот на Bugatti ќе користи погон од Rimac.

Употребата на електричен погон може да го направи екстремниот дизајн на Vision Le Mans изводлив, со оглед на тоа дека нема да има потреба да се вметнува традиционалниот мотор и менувач во аеродинамичната каросерија.

Според The Supercar Blog, целосно електричниот Vision Le Mans „ќе служи како технолошка витрина за иднината“.

Вреди да се спомене и дека потенцијалниот договор помеѓу Volkswagen групацијата и Rimac Automobili се уште не е официјално постигнат, но исто така не е ниту експлицитно демантиран. Според информациите, VW групацијата ќе го проследи Bugatti на Rimac без никаква размена на пари. Наместо тоа, Porsche ќе го зголеми својот удел во хрватската компанија од 15,5 проценти на 49 проценти во Rimac.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close