fbpx

Porsche го освежи Cayenne E-Hybrid со подобра батерија

Откако ги претстави Cayenne E-Hybrid моделите минатата година, Porsche сега одлучи да ги ревидира, претставувајќи ги батериите со поголем капацитет

Porsche подготви унапреден пакет на батерии за plug-in хибридните Cayenne модели. Имено, германскиот производител одлучи да ги замени батериите во Cayenne E-Hybrid моделите, па така сега на местото на старата 14,1 kWh единица, пристигнува новата 17,9 kWh високо волтаична батерија која нуди зголемена електрична автономија до 30 проценти.

На пример, Cayenne E-Hybrid сега може да помине до 48 километри во целосно електричен режим, исто како и Cayenne E-Hybrid Coupe. Помоќниот Turbo S E-Hybrid има електрична автономиија од 42 километри, исто како и неговата купе варијанта.

Е-Hybrid погонот останува непроменет, а тоа е комбинација на 3,0-литарски V6 мотор со електромотор за вкупна моќност од 462 КС. Turbo S E-Hybrid моделите пристигнуваат со битурбо 4,0-литарски V8 агрегат во комбинација со електромотор, кој со највисоките спецификации испорачува 680 КС.

Покрај тоа што ги замени батериите, Porsche исто така ги оптимизираше возачките режими на стандардниот Sport Chrono пакет. Конвенционалниот мотор ја полни батеријата, но со променета полначка стратегија, со оглед на тоа дека таргетот за полнење на батеријата е намален од 100 на 80 проценти. Со ова се осигурува дека целосната рекуперациска моќ е достапна цело време и го прави хибридот уште поефикасен од претходно, велат од Porsche. Освен тоа, во Sport и Sport Plus возачките режими, батеријата се полни до минимално ниво за да се достигнат доволно boost опции за уште подиректно искуство зад управувачот.

Поврзани вести

Back to top button