fbpx

РКЕ донесе одлука за ново поевтинување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика со својата најнова одлука ги намалува малопродажните цени на горивата во нашата земја

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на горивата во нашата земја повторно ќе доживеат намалување, одлучи РКЕ. Според најновата одлука на Регулаторната комисија, од вечерва на полноќ цените на нафтените деривати во нашата земја ќе доживеат намалување во просек од 1,95 проценти во однос на одлуката која беше донесена минатата недела.

Ако со изминатите две одлуки на РКЕ поевтинување имаше само кај бензините, сега со најновата одлука тука е вклучен и дизелот. Имено, според ова, цената на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалува за половина денар, додека цената на Еуродизел се намалува за еден денар.

Така, од ноќеска на полноќ, па се до следната недела, Еуросупер БС-95 ќе точиме по цена од 58 денари по литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 60 денари, додека литар Еуродизел ќе се точи по цена од 49,50 денари.

Од РКЕ истакнуваат дека Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи бележат намалување: кај бензинот за 7,942%, а кај дизелот за 6,299%.

 

Поврзани вести

Back to top button