fbpx

Што се случува кога Akrapovič ќе стави титаниумски издув на M8

Akrapovič е добро познат бренд во светот на автомобилите и мотоциклите, а за тоа се доказ и големиот број соработки со најпознатите производители

Издувните системи на Akrapovič се навистина ценети во светот на автомобилизмот и мотоциклизмот, брендот е еден од најпознатите во својата дејност на планетата. Благодарение на својата репутација, Akrapovič често соработува со најголемите производители, но и тјунери околу создавањето на уникатни и перформансни модели. Токму една тјунерска компанија одлучи да поднови и унапреди еден примерок на BMW M8 Competition со издувен систем на познатата словенечка компанија.

Овој примерок на BMW M8 Competition, покрај неколкуте унапредувања, како што се ново турбо, E-Venturi систем, најзначителната промена ја доби во издувниот систем и тоа со целосно титаниумска поставка од Akrapovič. Благодарение на него, битурбо V8 моторот добива „живот“, а тоа најмногу се рефлектира на звукот кој го „вади“ автомобилот.

Конкретниот издувен систем Akrapovič го претстави пред околу еден месец и е наменет за BMW M8 моделите, покривајќи ги сите варијации, од стандардните до Competition и од Coupe до Gran Coupe и кабрио верзиите. Звукот кој го вади издувниот систем е навистина неверојатен и делува совршено за M8, а извонредната работа и мајсторството на Akrapovič повторно доаѓа до израз.

Овие високоперформансни издувни системи се направени од титаниум и совршено се прилагодуваат без да има потерба од било какви дополнителни зафати на автомобилот. Благодарение на тоа, M8 добива дополнителни 26 КС и 31,8 Nm максимален вртежен момент. Инаку, издувниот титаниумски издув на Akrapovič е 34 проценти полесен од стандардните системи.

Поврзани вести

Back to top button