fbpx

Првите примероци од BMW M8 Gran Coupe First Edition се импресивни

Првите осум примероци од ограничениот модел BMW M8 Gran Coupe First Edition специјално ги модифицираше одделот на BMW Individual Manufaktur и истите изгледаат импресивно

BMW M8 Gran Coupe First Edition ќе биде произведен во само 400 примероци, а првите осум примероци се карактеризираат со препознатлива индивидуалност.

Серијата 8 има големо значење за BMW, така што производството на уникатни осум први примероци на моделот M8 Grand Coupe First Edition делува како логичен маркетиншки потег на германскиот производител.

Сите примероци се во BMW Individual Aurora Diamant зелена боја која е слична со Saleve Vert бојата на концептниот M8 Gran Coupe. Лајсните околу прозорците и решетките од ладилникот содржат и златна боја, а истото се однесува и за навоите на LED сијалиците во ласерските светла, како и на 22-инчните M алуминиумски тркала.

На задниот дел сјајното црно M8 лого ја содржи и ознаката „1 to 8“, а таа се наоѓа и на надворешната страна од B столбовите на автомобилот, на потпирачите за глава и на патосниците.

На праговите е испишано BMW Individual Manufaktur, како и на централната конзола.

BMW M8 Gran Coupe First Edition е базиран на моделот M8 Competition Gran Coupe што значи дека BMW M V8 моторот развива 617 КС. Осумте примероци на моделот од останатите ќе се разликува по BMW Individual Trauma кафената кожа во внатрешноста, како и по сјајните детали на контролната табла.

Поврзани вести

Back to top button