Започна производството на BMW M8 Gran Coupe

Во фабриката во Динголфинг, Германија, официјално започна производството на BMW M8 Gran Coupe

Во оваа фабрика дневно се произведуваат 1.500 автомобили меѓу кои M8 Gran Coupe, M8 Coupe, M8 Cabrio, Серија 7, 6, 5, 4 и 3. Од 60 произведени примероци M8 дневно, 40 проценти ќе бидат M8 Gran Coupe. BMW M8 Gran Coupe е погонуван од 4.4 литарски твин-турбо V8 мотор со 600 КС и 750 Nm вртежен момент, во комбинација со 8-степен автоматски менувач.

M8 Gran Coupe

Помоќната верзија M8 Competition Gran Coupe располага со 625 КС а од 0 до 100 км на час забрзува за само 3,2 секунди. Како дел од пакетот секако црни предни бубрези, xDrive погон на сите тркала, спортски издувен систем, 20 инчни алуминиумски тркала… M Carbon е дополнителен опционален пакет кој додава уште повеќе елементи на јаглеродни влакна на автомобилот. BMW M8 Gran Coupe во Германија чини 168.000 евра, додека M8 Competition Gran Coupe 176.000 евра.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close