Новиот Ferrari SF90 Spider пристигна
Ferrari го претстави новиот SF90 Spider, бескровната варијанта на SF90 Stradale и е првиот plug-in хибриден „спајдер“ на компанијата
Новата Spider верзија на Ferrari SF90 го добива истиот електрифициран погон како и моделот со фиксиран покрив, а тоа значи комбинирана моќност од 1.000 КС и 900 Nm максимален вртежен момент. Овие неверојатни бројки се комбинација на битурбо V8 мотор кој испорачува 780 КС и три електромотори кои додаваат дополнителни 220 КС. Ова исто така му овозможува на SF90 Spider да има погон на сите четири тркала, додека менувачот е најновиот осумстепен автоматик со двојна спојка.
Од Ferrari велат дека SF90 Spider е подеднакво брзо како и Stradale кога станува збор за спринтот од нула до „стотка“, односно потребни му се само 2,5 секунди. Спринтот до 200 километри на час се достигнува за само 7 секунди, додека максималната брзина е поставена на 340 километри на час.
Смата трансформација на SF90 во кабриолет пристигнува со 100 килограми дополнителен товар поради неопходноста да се направи засилување на шасијата и додавање на кровниот механизам, па така новиот Spider достигнува максимална тежина од 1.670 килограми.
Најновата еволуција на склопливиот тврд покрив на Ferrari зафаќа само 100 литри простор кога е собран и е 40 килограми полесен од конвенционалниот склоплив покрив благодарение на алуминиумот во неговата конструкција. Исто така пристигнува со прилагодлив електричен заден прозорец и потребни му се само 14 секунди за да ја изврши својата „операција“.
Assetto Fiorano како опција
Ентериерот останува ист како и кај SF90 Stradale, а тоа значи истиот голем 16-инчен дигитален инструмент кластер со висока резолуција кој исто така е заоблен и на себе ги покажува сите информации и опции за персонализација. Тука е и head-up екранот и најновите контроли чувстителни на допир од Ferrari кои се поставени на управувачот и на централната конзола.
Ferrari исто така ќе го понуди и опционалниот Assetto Fiorano пакетот за SF90 Spider, кој вклучува и сет Multimatic амортизери кои се прилагодени за користење на тркачките патеки. Со овој пакет автомобилот пристигнува со 21 килограм помала тежина благодарение на зголеменото користење на карбон и титаниум и карбонски заден спојлер. Купувачите исто така ќе можат да го добијат својот Ferrari SF90 Spider Assetto Fiorano со двобоен финиш.