fbpx

McLaren го најави новиот хибриден суперавтомобил

Британски McLaren потврди дека нивниот хибриден суперавтомобил од новата генерација кој ќе пристигне во продажба во 2021 година ќе биде наречен Artura

McLaren официјално го најави својот нов хибриден суперавтомобил под името Artura, а истиот се очекува да пристигне со нов компактен битурбо V6 бензински мотор, кој ќе функционира заедно со електромотор како дел од лесниот високо перформансен хибриден погон кој наводно ќе ги задржи перформансните бенефиции од поголемите V8 мотори.

Artura секако ќе биде способен да се движи и единствено на електрична енергија, а автономијата наводно е сосема доволна „за секојдневни урбани патувања без емисии“.

„Секој елемент на Artura е целосно нов – од платформната архитектура и секој дел од високоперформансниот хибриден погон, до каросеријата, ентериерот и најнапредниот возачки интерфејс – но произлегува од децениите искуство на McLaren во пионерството во суперлесните тркачки и патнички автомобилски технологии со цел да се донесе целата наша експертиза во електрификацијата во класата на суперавтомобили“, изјави извршниот директор на McLaren, Мајк Флуит.

Ова исто така ќе биде првиот автомобил кој ќе биде направен на оваа целосно нова архитектура која е оптимизирана за електрификација и е дизајнирана и произведена во Велика Британија, во Composites Technology Center на компанијата.

Со цел да се неутрализира дополнителна маса на хибридниот систем, британскиот бренд се потпре на технологии за заштеда на тежина преку шасијата, каросеријата и погонот.

Иако не постојат официјални детали како и комплетни погонски спецификации и перформансни бројки, претходните извештаи наведуваат дека електрифицираниот битурбо V6 мотор ќе биде plug-in хибрид со повеќе од 600 КС, додека опсегот за движење на струја ќе биде 32 километри.

Поврзани вести

Back to top button