McLaren го продава седиштето на компанијата во Вокинг

McLaren планира да го продаде своето седиште во Вокинг со план потоа да го земе под наем како еден начин за да ги балансира финансиските книги

Британскиот производител на спортски и суперавтомобили McLaren би можел да го продаде својот имот за 200 милиони фунти, а притоа потврди дека нема да се пресели од местото, ниту пак продажбата ќе има било каков импакт на нивната секојдневна работа. Легендарниот објект беше отворен во 2003 година, а McLaren веќе ангажираше агенти за недвижнини за да најдат купувач.

McLaren неодамна откри дека автомобилските приходи паднале на 143 милиони фунти во првата половина од годината во споредба со 592 милиони фунти во 2019 година. Исто така потврди и дека ќе укине 1.200 работни места.

„Потенцијалната продажба и повторен наем на нашето глобално седиште и назначување на банките да не советуваат за намалување на долговите и раст на капиталот се дел од сеопфатната стратегија за рефинансирање која ја објавивме претходно годинава. Градејќи врз мерките за мерки на пократки рокови кои ги применивме ова лето, овие иницијативи ќе придонесат за посилно балансирање и со тоа ќе се обезбеди дека McLaren Group има одржлива форма за долгорочен раст и инвестиција“, велат од McLaren за Guardian.

Поради намалувањето на приходите, MсLaren собра 291 милиони фунти во капитал во март и доби 150 милиони фунти заем од Националната банка на Бахраин во јуни.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close