РКЕ одлучи да ги поевтини бензините
Регулаторната комисија за енергетика со својата најнова одлука реши да ја намали малопродажната цена на нафтените деривати во нашата земја
Според најновата одлука на РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ се намалуваат во просек за 0,90 проценти во однос на цените кои беа донесени со одлуката минатата недела.
Ова значи дека Регулаторна со најновата одлука ја намалува малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 за еден денар, додека бензинот Еуросупер БС-98 се намалува за денар и половина. Цената на Еуродизел останува непроменета за престојната недела.
Според оваа одлука, од вечерва на полноќ Еуросупер БС-95 ќе точиме за 59,50 денари по литар, Еуросупер БС-98 ќе не чини 61 денар по литар гориво, додека Еуродизел се продава по цена од 53 денари.
Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи бележат зголемување и тоа бензинот за 1,042%, а дизелот за 1,524%.