Легендарните модели на Seat низ 70-годишната историја
2020 година измина во знакот на Seat, а во текот на изминатите 70 години постоење, шпанскиот бренд лансираше вкупно 75 модели
Оваа година е мошне значајна за Seat, поточно ова е годината кога брендот прославува значаен јубилеј: 70 години од своето постоење. Во текот на изминатите 70 години, шпанскиот производител на автомобили лансираше вкупно 75 модели, вклучително и различни верзии и генерации, а еволуцијата и модернизацијата на автомобилите е постојана во текот на целата историја на брендот.
Од 9-ти мај 1950 година до денес, брендот успеа да ја приближи мобилноста до народот, успеа да ја стави Шпанија на тркала и претрпе длабока трансформација, притоа демонстрирајќи постојан капацитет за повторно развивање.
Во текот на изминатите 70 години, шпанскиот производител на автомобили лансираше вкупно 75 модели, вклучително и различни верзии и генерации, меѓу кои и некои поголеми кои означија пресвртница. Почнувајќи од 1953 година со Seat 1400, првиот автомобил произведен од компанијата или со легендарниот Seat 600, кој беше претставен во 1957 година и наскоро стана симбол на слобода и мобилност. Во 1984 година пристигна првата генерација на Seat Ibiza, а во 1999 година Seat Leon, бестселерот на шпанскиот бренд кој е успешен во продажбата уште од неговото лансирање. Во 2016 година компанијата направи уште еден важен чекор во својата историја откако влезе во SUV сегментот со Seat Ateca, за денес на пазарот Seat во својата понуда да има уште два модели во овој сегмент – Arona и Tarraco.
Пред две години, во 2018 година, компанијата повторно ја покажа својата способност за реиновација, претставувајќи ја Cupra, независен бренд создаден со цел да влезе на нови пазари и да освои нови клиенти благодарение на неговиот современ дизајн и спортски карактер. Следната, 2021 година ќе го одбележи раѓањето на првиот целосно електричен модел на марката: Cupra el-Born.
Еволуцијата и модернизацијата на автомобилите е постојана во текот на целата историја на Seat, што последователно додаде технолошки развој во сите аспекти на автомобилот.