fbpx

Seat Tarraco добива нов мотор во поставата за 2021

Seat одлучи да додаде нов мотор во поставата на SUV моделот на Tarraco за 2021 година, која веќе изобилува со неколку TSI и TDI агрегати

SUV моделот Tarraco во 2021 година добива додаток во својата постава од страна на Seat, a тоа е нов TSI мотор кој ќе се приклучи на веќе богатата понуда на TSI и TDI агрегати, како и plug-in хибридната верзија. Според најавите, овој 2,0-литарски TSI бензински мотор ќе биде најновиот додаток во понудата, а испорачува 245 КС, моќност која е идентична со plug-in хибридната варијанта, како и 370 Nm максимален вртежен момент кој се достигнува меѓу 1.600 и 4.300 вртежи во минута, што е 30 Nm помалку отколку кај електрифицираната верзија.

Официјалните бројки кога станува збор за забрзувањето од 0 до 100 км/ч изнесуваат 6,2 секунди, што е околу една секунда побрзо во однос на Tarraco e-Hybrid, додека максималната брзина изнесува 228 километри на час. Моделот, кој доаѓа во комбинација со седумстепен DSG автоматски менувач и 4Drive систем за погон на сите четири тркала, ќе троши меѓу 8,4 и 9,2 литри на 100 километри според WLTP циклусот и ќе емитува 191-208 g/km CO2.

Дизајниран и развиен во седиштето на Seat во Марторел, новиот Tarraco 2.0 TSI, кој ќе биде достапен во FR и Xcellence нивоа на опременост, со пет или седум седишта, ќе влезе во производство во фабриката на Volkswagen групацијата во Волфсбург.

Цените се уште не се објавени, но поставата на Tarraco стартува од 30.598 евра за Style нивото во Германија, кој доаѓа со 2,0-литарски TDI дизел со 150 КС, во комбинација со шестстепен мануелен менувач. Xcellence и FR нивоата, од друга страна, можат да се добијат од 34.010 и 35.472 евра.

 

Поврзани вести

Back to top button