fbpx

JLR развива напредни композити за идните електрични возила

Jaguar Land Rover започнува со истражување за напредни лесни композити кои ќе се користат кај идните електрични автомобили

Компанијата Jaguar Land Rover започнува со нов проект кога станува збор за електричните возила на иднината, а крајната цел на JLR е да се развијат „структури за возилата и погоните“ кои ги отфрлаат алуминиумот и челикот за лесните композити кои се доволно цврсти да го издржат зголемениот вртежен момент генериран од електричните погони.

Доколку овој проект на компанијата се покаже како успешен, можеме да очекуваме полесни и поефикасни електрични возила кои исто така би можеле да понудат зголемен опсег на движење, како и подинамично возачко искуство.

JLR

Сепак, целите се релативно скромни, со оглед на тоа дека компанијата цели намалување на тежината од само 35 килограми, како и 30 проценти зголемување во крутоста на возилото. Како дел од оваа мисија, структурата за безбедност при судири ќе биде прочистена и опремена со „композити по мерка“, како што е карбонот.

JLR не е осамен во ова настојување со оглед на тоа дека се дел од Tucana проектот кој исто така ги вклучува „водечките академски и индустриски партнери во светот“, како што се Warwick Manufacturing Group, Expert Tooling & Automation, Broetje-Automation UK, Toray International UK, CCP Gransden и Центарот за моделирање и симулации.

JLR

Доколку се помине според планот, JLR ќе има флота на Tucana прототипи подготвени до крајот на 2022 година. Проектот има за цел да превентира „4,5 милиони тони CO2 емисии меѓу 2023 и 2032 со забрзување на мејнстрим користењето на електрични возила и создавање на полесни автомобили со цел да се намалат емисиите и да се намали енергетската потрошувачка на електрифицираните погони“.

Поврзани вести

Back to top button