Викенд тарифа: RS e-Tron GT против Audi Formula E болид
Formula 1 шампион против Formula E шампион, застануваат рамо до рамо на мегдан со Audi RS e-Tron GT и победничкиот болид на компанијата
Интересна и возбудлива драг трка ни пристигнува во режија на Audi, а во главната улога се наоѓаат двајца шампиони. Нико Розберг како F1 првак, против Formula E шампионот Лукас ди Граси. Двајцата седнуваат зад управувач на Audi, но не било какви. Првиот е RS e-Tron GT кој дебитираше минатата недела, но се уште е под камуфлажа кога се случувала оваа трка. За потсетување, RS e-Tron GT има моќност од 598 КС и 830 Nm вртежен момент. Тоа е доволно за спринтот до „стотка“ да се стигне за 3,3 секунди и има максимална брзина од 250 километри на час.
Од друга страна, Formula E болидот произведува далеку помалку моќност. Втората генерација на овој тркачки модел има 335 КС, а благодарение на неговата мала тежина, од нула до „стотка“ стигнува за околу 3 секунди.
Можеби делува чудна оваа трка, особено што се случува во време на снежни падежи, па условите се далеку од идеални.