fbpx

Познати кандидатите за Светски автомобил на годината

World Car Awards ја објави скратената листа на кандидати кои ќе конкурираат за ласкавата награда за Светски автомобил на годината за 2021

Жирито на Светски автомобил на годината ја скрати листата на кандидати кои ќе конкурираат за главната награда на годинешното издание на World Car Awards. На оваа „полуфинална“ листа ќе конкурираат десет автомобили во главната категорија, како и по пет во категориите за Урбан, Луксузен и Перформансен автомобил, како и наградата за најдобар дизајн.

Во годинешниот избор имаме три електрични автомобили, а исто така Kia и BMW имаат по два претставници. Битката за Светски автомобил на годината ќе ја бијат Audi A3, BMW Серија 2 Gran Coupe и BMW Серија 4, потоа Honda e, Kia K5 и Kia Sorento, Mazda MX-30, Mercedes GLA, Toyota Yaris и Volkswagen ID.4. За потсетување, минатата година триумфираше Kia Telluride иако станува збор за модел кој се продава исклучиво во САД, а неодамна Toyota Yaris се закити со наградата за Европски автомобил на годината.

Покрај овие модели кои конкурираат за главната награда, World Car Awards ќе ги избира најдобрите и во други категории. Така, за титулата Урбан автомобил на годината ќе се натпреваруваат Hyundai i10, Honda e, Hyundai i20, Toyota Yaris и Honda Jazz.

Кандидати за Луксузен автомобил на годината конкурираат BMW X6, Aston Martin DBX, Mercedes S Класа, Land Rover Defender и Polestar 2. Кај спортистите конкурираат Audi RS Q8, BMW X5/X6 M, BMW M2 CS, Porsche 911 Turbo и Toyota GR Yaris.

Кога станува збор за дизајнот, сите автомобили конкурираат за оваа награда, но седум експерти избраа пет финалисти, а тоа се Honda e, Land Rover Defender, Mazda MX-30, Polestar 2 и Porsche 911 Turbo.

По објавувањето на оваа листа, следува втора рунда на гласање, по што на 30 март ќе бидат откриени по тројца супер финалисти во секоја категорија, а победниците ќе бидат објавени на 20 април.

Поврзани вести

Back to top button