fbpx

FIAT планира субкомпактен кросовер

Шефот на Jeep, Мајк Манли, соопшти пред новинарите на автомобилскиот салон во Лос Анџелес дека брендот планира нов кросовер, кој ќе биде дел од класата на субкомпактните модели

Тој потврди дека моделот веќе се развива и се планира да се пласира главно на пазарите во развој.

Манли ја зеде за пример Индија и објасни како е донесена одлуката за должината на новината да е под 4 метри. Во Индија точно должината на возило е основа за акцизата која се плаќа за автомобилот – 12% за должина до 4 метри и 24-27% за подолгите модели.

Во моментов најкраток модел на Jeep е Renegade (4,24 метри), а кај посериозните теренци најкратка е тривратата верзија на Jeep Wrangler (4.22 метри). Значи едноставно мора да се има пократок модел?!

За таа цел Jeep нема да може да ја користи платформата на Renegade, затоа најверојатно за таа цел ќе биде адаптирана оваа од новиот модел на FIAT за Бразил – хечбекот Argo. Во блиска иднина, FIAT Argo ќе се појави и во Европа, како следната генерација на популарниот Punto.

Секако, во Индија даноците се дефинираат и од обемот на моторот – најевтини се бензинските мотори со зафатнина до 1.200 кубици и дизел со зафатнина до 1.500 ccm. Ова, исто така, ќе ги обликуваат параметрите на моторниот модел на новиот модел на Jeep, но за ова се уште нема никакви образложенија и коментари.

Поврзани вести

Back to top button