fbpx

Дизајнерскиот шеф на BMW во одбрана на Серија 4

Новата BMW Серија 4 предизвика големо внимание во јавноста, пред се поради својот дизајн на предниот дел, предизвикувајќи поделени реакции меѓу фановите

Дизајнерскиот шеф на BMW Домагој Дукец е човекот кој стои зад дизајнот на новата Серија 4, модел кој предизвика големи реакции поради својот дизајн, пред се на предниот дел или популарните „бубрези“. Како и се што е ново и отскокнува од традиционалното, така и со дизајнот на Серија 4 беше тешко за многумина да го „сварат“ сето тоа. По првите фотографии кои се појавија, реакциите беа жестоки, но како што одминува времето, истите стивнуваат, особено откако фановите на баварската марка успеаја да го видат моделот во живо.

Како и да е, Дукец застана во одбрана на новата „четворка“ истакнувајќи дека дизајнот самиот по себе не е толку радикален како што многумина мислат, како и дека е „мошне елегантен автомобил со многу добри пропорции“.

„Во моите очи BMW Серија 4 Coupe не е толку радикален како што го прават медиумите. Единствената работа која може да се перцепира како неконвенционална е формата на нашата предна решетка“, изјави Дукец во интервју за Esquire.

Дукец открива дека својата инспирација ја добива од дизајнерите на некои од најпознатите модни брендови на светот, влечејќи паралели со Карл Лагерфелд кој успеал да ја промени перцепцијата на брендот со своите предизвикувачки дизајни. Според Дукец, дизајнот „не е дали е убаво или грдо“ со оглед на тоа дека изгледот е сосема субјективен. Наместо да ги задоволува индивидуалните вкусови на клиентите, тој верува дека целта е да се „измери она што клиентот навистина го посакува или што би можел да го посака во иднина“.

Поврзани вести

Back to top button