fbpx

РКЕ ги одреди цените на горивата, ново поскапување

Трендот на поскапување на малопродажните цени на горивата продолжува и во следната недела откако РКЕ ја донесе својата најнова одлука

Малопродажните цени на горивата во Македонија продолжуваат да растат од недела во недела, а Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) со својата најнова одлука само го продолжува овој тренд. Со најновата одлука, цените на нафтените деривати во нашата земја се зголемуваат за 2,13 проценти во однос на одлуката која беше донесена минатата недела.

Ова значи дека од ноќеска на полноќ цената на Еуродизел се зголемува за 1 денар, додека бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за денар и половина.

Според ова, во текот на следните седум дена Еуродизел ќе точиме за 57 денари по литар, Еуросупер БС-95 ќе чини 67,50 денари, додека Еуросупер БС-98 ќе се точи за 69,50 денари по литар гориво.

Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 4,982 %, а кај дизелот за 2,764 %.

Поврзани вести

Back to top button