fbpx

Porsche го презема Bugatti, па ќе прави заеднички потфат со Rimac

Volkswagen го одржа својот годишен состанок и прес-конференција, а компанијата ја искористи оваа прилика да ја расчисти судбината околу Bugatti

Bugatti, Ducati и Lamborghini се најдоа под посебен увид од страна на Volkswagen групацијата минатата година. Кон средината на декември беше најавено дека Lamborghini и Ducati ќе останат дел од групацијата, но името на Bugatti никаде не се споменуваше.

Извршниот директор на Volkswagen групацијата, Херберт Дис го искорити настанот да ги отфрли шпекулациите дека брендот ќе биде отстапен на Rimac, a за возврат Porsche ќе добие далеку поголем удел во хрватскиот производител на електрични хиперавтомобили. „Porsche во моментов се подготвува за партнерство кое ќе биде предмет на дискусија со Rimac, а околу тоа ќе се погрижи самиот Porsche“.

Тој објасни дека се уште ништо не е финализирано, но Volkswagen сака да ја префрли одговорноста за Bugatti на Porsche. Кога ќе се случи тоа, „Porsche по се изгледа ќе оформи заеднички потфат со Rimac, со минимален удел од страна на Porsche“.

Германската марка неодамна инвестираше 70 милиони евра во Rimac со што го зголеми својот удел во хрватската компанија на 24 проценти. Со оглед на големиот удел кој го поседува, не треба да биде изненадување што можноста за заеднички потфат е навистина сериозна можност.

Од друга страна, глобалната продажба на Bugatti опадна на 77 единици минатата година. Но, тоа е пад од само 6,1 процент во однос на 2019 година кога брендот продаде 82 единици. Покрај ова, во годишниот извештај на Volkswagen беше откриена и „нова верзија на Chiron“ која ќе биде достапна подоцна оваа година. Веројатно станува збор за Chiron Super Sport 300+ кој ќе пристигне кон средината на 2021.

Поврзани вести

Back to top button