Новиот VW Caddy пристигна
Новата генерација на Caddy сега е достапна и за македонските купувачи, откако пристигна во продажниот салон на Volkswagen во Скопје
Volkswagen Caddy одамна е етаблиран во класата на лесни комерцијални возила, а во своите две последни генерации стана препознатлив и по својата популарна патничка варијанта. Претставен пред околу една година, новиот Caddy пристигна и во нашата земја и е достапен во продажниот салон на Volkswagen во Скопје.
Она што е веднаш забележливо е новиот дизајн на надворешноста кој е еволуција во однос на претходните две генерации. Купувачите ќе имаат на располагање LED светлосни групи, современи системи на асистенција и голем број други модерни технологии. Новиот Caddy е поставен на модуларната MQB платформа и може да превезува до пет лица, а како опција е достапен и големиот стаклен панорамски покрив со површина од 1,4 квадратни метри.
Новата генерација на моделот покрај новиот дизајн и современите системи за асистенција, добива и висококвалитетен дигитален кокпит и напреден инфозабавен систем, а дигитализирани се и други контролни елементи, слично како кај новата генерација на Golf. За прв пат кај Caddy постои опција и за систем за бесконтактен пристап и стартување на возилото.
Кога станува збор за моторните опции, новиот VW Caddy се нуди со 2,0-литарски турбо дизел со 75, 102 и 122 КС, како и 1,5-литарскиот турбо бензинец со 116 КС. Трите верзии пристигнуваат со шестстепен мануелец или седумстепен автоматски менувач со двојна спојка кои моќноста ја испраќаат на предните тркала. Купувачите како опција можат да бираат и погон на сите четири тркала.
На нашиот пазар Caddy засега се нуди само со дизел мотор и тоа во сите три варијанти, а зависно од потребите (комерцијално или патничко), нивото на опременост и опционалниот погон на сите четири тркала, цените варираат од 17,269, па се до 34.471 евра. Моделот кој го забележавме во продажниот салон беше во основно ниво на опременост.
За повеќе информации посетете го продажниот салон во Скопје или официцијалниот сајт на Volkswagen во Македонија.