fbpx

Volkswagen објави нов тизер за Project Trinity

Компанијата Volkswagen објави нов тизер за својот Project Trinity, иновативниот нов електричен автомобил кој ќе биде на врвот на нивната ЕВ понуда

Project Trinity е долго најавуван и револуционерен нов електричен автомобил на Volkswagen, кој иако нема да пристигне до 2026 година, германскиот производител продолжува со објавувањето на тизери и детали за истиот. Таков е случајот и сега откако првиот човек на групацијата Херберт Дис објави нова тизер фотографија.

Тизерот ги нагласува линиите на автомобилот кој ќе се карактеризира со иновативен дизајн кој не наликува на ништо што Volkswagen го има во својата понуда во моментов. Забележлива е светлечката LED лента на задниот дел, „проточната“ линија на покривот и футуристичкиот изглед. Секако, ова е само ран модел за концептниот автомобил кој ќе се искористи како најава за продукциската верзија.

Trinity

Volkswagen очекува да започне со производство на Project Trinity во 2026 година. Кога ќе биде лансиран, тој ќе биде поставен на специјална нова архитектура и ќе има електричен погон и батериска технологија далеку понапредна од она што германскиот производител го користи во моментов. Исто така ќе биде способен и за автономно возење од ниво 4. Тоа значи дека технологијата ќе биде способна за целосна контрола, но сепак ќе има управувач и педали за возачот да може да ја преземе контролата во било кое време.

Една од целите со новата архитектура е можноста да се произведе комплетно возило за 10 часа. Првиот модел кој ќе ја користи оваа платформа и технологија има проектирана вредност од 35.000 евра, па и покрај тоа што ќе нуди врвни можности, сепак ќе има прифатлива цена, а од VW велат дека електричниот автомобил ќе може да се полни подеднакво брзо како да точите гориво.

Покрај тизерот за Project Trinity, Херберт Дис објави тизер и за целосно електричен и целосно автономен мал камион од MAN кој воопшто нема да поседува управувач и педали за возачот, но сепак за ова се уште нема никакви конкретни детали.

Поврзани вести

Back to top button