fbpx

За Дизелгејт 7 години затвор и казна од 400.000 американски долари

Оливер Шмит, доби 7 години затвор и парична казна од 400 000 американски долари од правосудните власти во Детроит

Оливер Шмит, човекот одговорен за одделот за животна средина и инженерска дејност на американската поделба на Volkswagen, доби 7 години затвор и парична казна од 400 000 американски долари од правосудните власти во Детроит.

казна

Во август, Шмит, се изјасни за виновен за кршење на Clean Air Act (Закон за чистиот воздух), како и за заговор за заблуда на американските власти, во однос на разрешување на еколошкиот скандал Дизелгејт, па за ова доби најголема казна на име овие обвинувања.

Пред неколку дена, Оливер Шмит, најави дека се чувствува „искористен“ од Volkswagen и изјави дека го следел доследно поставениот план за работа, дело на раководството на компанијата и еден од нејзините адвокати.

казна

На почетокот на годината Volkswagen објави официјално дека компанијата постигнала договор за 4,3 милијарди долари со американските власти, со што вкупната парична казна на Volkswagen AG на територијата на САД и Канада достигна до 23 милијарди американски долари.

Поврзани вести

Back to top button