Со пари од Дизелгејт ќе градат лабораторија во Калифорнија

Минатата недела во Калифорнија започна изградбата на нова лабораторија за испитување на квалитетот на воздухот во државата, а нејзината цена ќе биде 419 милиони долари

Една третина од овие пари доаѓаат од санкциите наметнати на Volkswagen за скандалот Дизелгејт.

Од страна на Бирото за чист воздух во Калифорнија објавија дека лабораторијата ќе биде со ниво на опрема и можности на оние со кои располагаат најголемите автомобилски производители. Целта е не само да можат властите во државата да се борат со измами како Дизелгејт, но и да истражуваат за разликите кои се појавуваат при податоците на автомобилските производители при лабораториските тестови и резултатите од реалната експлоатација на автомобилите и нивото на штетните емисии, кои тие ги одвојуваат.

Дизелгејт

Површината за изградба на лабораторијата е речиси 130.000 квадратни метри, а дел од опремата и ќе биде претежно мобилна, за разлика од тоа на лабораторијата во Ел Монте, отворена пред 44 години. Токму во Ел Монте сепак дојде до решавачкиот момент во истражувањето на резултатите од Дизелгејт, благодарение на кои избувна глобалниот скандал.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close